dомашно говедо или едноставно говедо се нарекуваат одгледуваните потомци на дивото говедо (Bos taurus). Одгледувањето започнало најпрво поради месото, а подоцна и поради млекото и нивната сила која се користела за влечење.
Денешното домашно говедо првобитно дошло од Анадолија и од Блискиот Исток. Одледувањето на домашното говедо започнало уште во 9 век п.н.е. Како доказ за тоа се смета тоа што уште од 8300 година п.н.е. заедно со земјоделците пристигнало на Кипар, каде дотогаш немало говеда. Оттогаш луѓето одгледале голем број раси на домашни говеда, а понекогаш го вкрстувале Bos taurus со други видови говеда. Одгледувани се и други видови говеда, пред се во Азија. Така од подвидот на дивото говедо зебу (Bos primigenius, понекогаш Bos taurus) потекнува домашното говедо од подвидот зебу (Bos primigenius indicus, понекогаш Bos taurus indicus), од говедото бантенг(Bos javanicus) потекнува домашното говедо на Бали (Bos javanicus f. domestica) итн.
Најголем број домашни говеда кои се одгледуваат поради месото има во Бразил, околу 200 милиони. Домашните говеда ги има во неколку раси, а притоа расите се резултат на целта за која би се користело животното. Покрај месото, млекото и кожата, изметот од домашните говеда е многу ценето природно ѓубриво во земјоделството, а се користи и за добивање биогас. Во многу делови од Светот домашното говедо, посебно воловите, се користат за влечење и имаат важна улога во орањето. При одгледувањето на домашни говеда се вршело вкрстување на расите за да се добијат животни со одредени карактеристики. Притоа, најчесто се имале две цели: да се добие поголемо количество млеко и да се добие подобар квалитет и поголемо количество месо.