Tuesday, May 31, 2011

Обичната мачка е најраспространетиот вид од фамилијата мачки: како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат! Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од стариот свет 
ЕвропаАзијаАфрика) која е малку поголема и има подолга опашка.





Куче или пес (Canis lupus familiaris) е припитомен подвид на сивиот волк, кучињата се цицачи од редот на Carnivora (ѕверови односно месојади). Кучето е припитомено од човекот и служи како негово милениче. Кучињата се доста интелигентни и освен што служат за домашно милениче тие служат и како чувари на домот и семејството од кое е одгледувано и сл. Според најновите истражувања се смета дека низ цел свет има околу 400 милиони кучиња
Кучето се разввило во стотици различни раси. Мерено од гребенот на кучињата се има заклучено дека има кучиња од неколкуинчи како на пример Чивавата па се до кучиња со неколку стапки како Ирскиот Волчиј ‘РтБојата варира најчесто од бела до сива па се до црна и од кафена до жолто-кафена (темна и светла). И крзното може да им биде доста кратко или пак доста долго, влакната може да им бидат од виткани до прави и мазни па се до густи и рапави


Како повеќето цицачи, кучињата се дихромати и имаат црвено-зелен вид.Различни видови на кучиња имаат различни облици и димензии на очите и исто така имаат и различни видови на мрежници на окото Кучињата со долги носа имаат таканаречени видни линии кои поминуваат низ мрежницата на окото што им дава доста широко видно поле од каде имаат одлична визија, додека тие со пократки носа имаат таканаречени „area centralis“, централни делчиња кои имаат три пати подлабоки нервни завршетоци како тие на видните линии, што има дава подетален вид доста сличен на тој на човекот.
Некои раси, највеќе ‘ртовите, имаат видно поле до 270° (споредувајќи го со видното поле оф 180° како што е на човекот), а всушност некои раси поточно тие со пократки носа имаа помало видно поле, скоро 180°.

No comments:

Post a Comment