Tuesday, May 31, 2011

Лицето на мајмуните е главно без влакна и е со развиена мускулатура која ја овозможува мимиката, која е важна за меѓусебната комуникација. Сетилото за мирис е послабо развиено. Забите се од бунодонтен тип. Стопалата се зарамнети, сите екстремитети се петточлени, а на врвот на прстите се наоѓаат широки, зарамнети и орожнати нокти. Првиот прст (палец) и на предните, а и на задните екстремитети им опонира на останатите, што е адаптација кон подобро прифаќање на предметите (прилагодување за живот на дрво). Женката има само еден пар на млечни жлезди кои се сместени на градитеМатката е едноставна , а плацентата е дискоидална. Бројот на родените млади е мал, а најчесто изнесува едно младенче.

No comments:

Post a Comment