Wednesday, June 1, 2011


Животните се многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Порано, во животинското царство било вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство - протисти.
Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи (консуматори) во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат сорастителна (хербивори или растенојади), животинска (карнивори, месојади) или мешана храна (омнивори, сештојади). Исто така, одредени без‘рбетници и ‘рбетници се исхрануваат со мртва органска материја (сапрофаги) и со тоа придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи ја полесно достапна за редуцентите - бактериите. Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола врз бројноста на популациите од живи организми во природата

Рибите (лат. Pisces) се водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Постојат три живи класи на риби: примитивните безвилични риби, или Agnatha; ‘рскавичните (ајкуловидни) риби, или Chondrichthyes; и коскените риби или Osteichthyes. Овие групи, иако имаат различни анатомски карактеристики, поседуваат низа заеднички особини поврзани со нивното заедничко еволутивно потекло или со нивниот подводен начин на живот. Рибите биле најраните 'рбетници и веројатно еволуирале од група на водни нижихордати; копнените 'рбетници еволуирале од рибите.
Постојат околу 20,000 живи видови на риби. Тие се разликуваат во големина, и тоа од 7,9 mm долгиот педоциприс (Paedocypris) кој живее во тропските мочуришта на Суматра, па сѐ до 14 m долгата китовска ајкула. Повеќето се светло обоени и многу имаат форми приспособени за камуфлажа. Можат да се најдат во сите морски, слатководни и соленкасти води низ светот, на било која длабочина. Членовите на различните видови на риби толерираат температури на водата од замрзнување до преку 38 °C. Повеќето се или соленоводни или слатководни жители, но некои се физиолошки адаптирани за движење од една во друга водна средина. Поголем број од рибите родени во слатките води го минуваат животот како возрасни единки во океанот, враќајќи се во слатките води за да се мрестат; обратната миграција се случува кај некои риби од океанот. Многу риби остануваат во тесно организирани групи, а други се сами и се здружуваат само за време на мрестење и хранење. Рибите може да се месојадитревојади или сештојади. Некои риби се чистачи на езерските или океанските дна. Рибите се главен извор за човечка храна, рибино масло, храна за домашните животни итн.
Постојат членови на копнените вертебратни класи, како китовите и морските змии, кои се имаат адаптирано на водниот начин на живот, но не се риби. Тие дишат воздух, а не растворен кислород и нивните анатомски карактеристики ја разоткриваат врската со копнените животни.

Птиците (лат. Aves) се двоножни, топлокрвни животни, чија главна карактериситка се пердуви на телото, предниекстремитети модифицирани во крила и шупливи коски.
Птиците се среќаваат во различни големини: од ситните колибри до огромните емуа и ноеви. Од таксономска гледна точка, постојат околу 8.800 до 10.200 видови на живи птици (како и околу 120 до 130 кои се веќе исчезнати) во светот, што ги прави најраспространетата класа на копнени ‘рбетници.
Птиците се хранат со нектаррастенијасемињаинсектириби, или со други птици. Повеќето птици се активни во текот на денот. Некои птици, како бувот на пример, се активни во текот на ноќните (поточно самрачни) часови. Многу птицимигрираат на долги растојанија за да живеат во еднакви услови. Некои, пак, го поминуваат скоро целиот свој живот доморето.
Карактеристични белези за птиците се коскен клун без заби, несењето и инкубацијата на цврсти, варовнички јајце клетки, висок степен на метаболизам, и лесен, но цврст скелет. Повеќето птици летаат, иако некои од нив, како тркачките птици и неколку други видови кои живеат претежно на островите ја загубиле оваа способност. Во нелетачки птици спаѓаат ипингвинитеноевитекивите и исчезнатите додои. Нелетачките птици се изложени на опасност од истребување ако луѓетоили некои други цицачи се населат во нивното живеалиште, односно биотоп. На пример, моата од Нов Зеланд е истребена како резултат на човековото влијание.
Птиците се меѓу најпроучуваните животински групи. Стотици академски журнали и илјадници научници се посветени на истражувањето на птиците, додека бројката на аматерските ентузијасти (птичари) се искачува и до милиони.

Еленот е силно и големо животно. Мажјаците се поголеми од женките, а на главите имаат големи, широко разгранети рогови. Роговите што по правило ги има само мажјакот, почнуваат да му растат 8-10 месеци по раѓањето и најпрво му се развива основата таканаречена рожиште. Првите рогови почнуваат да му растат дури од половината на втората календарска година и имаат облик на шило. Роговите на еленот редовно му паѓаат кон крајот на февруари или во почетокот на март, а до јули му се развиваат нови уште посилни рогови. Влакното на еленот е кусо, лете е со црвенкасто-кафеавкаста боја, а зиме станува сиво-кафеаво.
Елените живееат во листопадните шуми, во рамнини и во планински предели. Воглавно се ноќни животни, кои дење се одмараат во засолништа. Кошутите се собираат во крда кои ги предводи доминантната женка. Мажјаците се собираат во помали групи, освен во текот на есенската сезона на парење, кога се самостајни и се борат за женките.

Жирафа е животно кое потекнува од Африка и е највисокото животно со најдолг врат.
Со просечна маса од 1190 кг., жирафата е најголемиот жив преживар.
Од сите цицачи, жирафата има најмалку потреба од сон - во просек помалку од 2 часа во деноноќие.
Должината на јазикот на просечна жирафа е околу 45 см. Со помош на јазикот, жирафата може потполно да го исчисти своето лице од инсекти како и да влече помали гранки од растенијата со кои се храни.
Срцето на просечна жирафа има проток од 60 литри во минута, тежи 12 кг., и создава притисок околу 3 пати повисок од крвниот притисок на човек, со цел крвта да може да достигне доволна циркулација во најоддалечените делови, посебно мозокот на жирафата. Крвните садови во вратот на жирафата имаат посебни залистоци кои спречуваат притисокот на крвта во главата да минува низ нагли промени кога животното нагло ја спушта или крева главата.
И машките и женските жирафи имаат рогови.

Слонот (лат. Elephantidae) е голем цицач што се карактеризира со присуство на долга и мускулеста сурла и две долги и извиени коски. Слоновите се високоинтелигентни и силни животни, а воедно се и најголемите копнени животни, како и животни со најдолг животен век, обично 60 години или повеќе. Здравите возрасни слонови немаат природни непријатели освен луѓето.
Низ историјата, луѓето ги ценеле слоновите поради нивната големина и сила. Ги користеле на бојното поле, како и за пренесување на тежок товар низ џунглите и за влечење на огромни дрвја од шумите.
Во изминатите 40 милиони години, повеќе од 600 видови на слонови живееле на Земјата. Денес останале само три вида -саванскиот слон, шумскиот африкански слон и азискиот слонКлиматските флуктуации низ милениумите и смената на вегетацијата биле причина за изумирањето на многу видови слонови, но човечкото влијание исто така имало свој удел. Во20 век, бројот на слоновите на Земјата бил меѓу 5 и 10 милиони, но со ловот и уништувањето на живеалиштата, нивниот број се намалил на 400.000 до 500.000 при крајот на векот. Денешните напори да се спасат слоновите може да се неадекватни и биолозите не се сигурни дали слонот како вид ќе преживее.
Лав (латPanthera leo) је велики сисар из породице мачака (Felidae) и један од „великих мачака“ рода Panthera. Мужјак лава, лако препознатљив по својој гриви, тежи између 200-260 килограма. Женке су мање и теже од 130-180 килограма У дивљини, лавови живе око 10-14 година, док у заточеништву преко 20 година. Некада су живели широм АфрикеАзије и Европе, док се данас у дивљини могу наћи само у Африци и Индији. Живе у саванама и лове у чопору.
svinja  se  zivotinsdki  rod  od familijata  suidae   Обухватају 10 савремених врста, као и једну доместификовану подврсту,домаћу свињу.  Свиње имају издигнуту њушку, мале очи и мали реп, који је често уврнут, али понекад и прав. Имају велике наслаге сала и кратке ноге. Свака нога има по четири прста, од којих су по два значајно већа од друга два и користе се за ходање.
Имају 44 зубаОчњаци им расту цео живот, те често трљају горње зубе од доње, да би их трошили.
Имају изузетно осетљиво чуло мириса. Због тога су се свиње у прошлости често користиле за проналажење тартуфа, а и данас се за то користе у неким европским земљама.
Немајући знојне жлезде, оне се лети кад су велике врућине расхлађују ваљајући се у води или блату. То им помаже и против опекотина, као и против мува и других паразита.
Свиње су врло интелигентне, и људи широм света их узимају за кућне љубимце.
zец је мали сисар из породице Leporidae, која је распрострањена широм света. Постоји седам различитих родова ове породице. Зечеви обично живе 4-10 година. Домаћи зец може живети 6-12 година, па и више. Млади долазе на свет после месец (30) дана трудноће. Рађају се слепи и без длаке, а прогледају са навршене две недеље.
                                                             


Коњот (научноEquus ferus caballus) е голем копнен цицач кој се одликува со брзина, сила и издржливост. Коњите се членови на фамилијата Equidae која ги вклучува и зебрите и магарињата. Како и сите еквиди, коњот е извонредно добро адаптиран на патувања на долги релации, преживувајќи со исхрана која се состои од треви. Коњот е социјално животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо.
Влијанието на коњите на човечката историја и цивилизација ги прави едни од најважните домашни животни. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Тие низ историјата им служеле на луѓето во земјоделството, војните и спортот. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Т.н. диви коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле.
                                                               


Коњот (научноEquus ferus caballus[1]) е голем копнен цицач кој се одликува со брзина, сила и издржливост. Коњите се членови на фамилијата Equidae која ги вклучува и зебрите и магарињата. Како и сите еквиди, коњот е извонредно добро адаптиран на патувања на долги релации, преживувајќи со исхрана која се состои од треви. Коњот е социјално животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо.
Влијанието на коњите на човечката историја и цивилизација ги прави едни од најважните домашни животни. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Тие низ историјата им служеле на луѓето во земјоделството, војните и спортот. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Т.н. диви коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле.