Птиците (лат. Aves) се двоножни, топлокрвни животни, чија главна карактериситка се пердуви на телото, предниекстремитети модифицирани во крила и шупливи коски.
Птиците се среќаваат во различни големини: од ситните колибри до огромните емуа и ноеви. Од таксономска гледна точка, постојат околу 8.800 до 10.200 видови на живи птици (како и околу 120 до 130 кои се веќе исчезнати) во светот, што ги прави најраспространетата класа на копнени ‘рбетници.
Птиците се хранат со нектар, растенија, семиња, инсекти, риби, или со други птици. Повеќето птици се активни во текот на денот. Некои птици, како бувот на пример, се активни во текот на ноќните (поточно самрачни) часови. Многу птицимигрираат на долги растојанија за да живеат во еднакви услови. Некои, пак, го поминуваат скоро целиот свој живот доморето.
Карактеристични белези за птиците се коскен клун без заби, несењето и инкубацијата на цврсти, варовнички јајце клетки, висок степен на метаболизам, и лесен, но цврст скелет. Повеќето птици летаат, иако некои од нив, како тркачките птици и неколку други видови кои живеат претежно на островите ја загубиле оваа способност. Во нелетачки птици спаѓаат ипингвините, ноевите, кивите и исчезнатите додои. Нелетачките птици се изложени на опасност од истребување ако луѓетоили некои други цицачи се населат во нивното живеалиште, односно биотоп. На пример, моата од Нов Зеланд е истребена како резултат на човековото влијание.
Птиците се меѓу најпроучуваните животински групи. Стотици академски журнали и илјадници научници се посветени на истражувањето на птиците, додека бројката на аматерските ентузијасти (птичари) се искачува и до милиони.
No comments:
Post a Comment