Коњот (научно: Equus ferus caballus) е голем копнен цицач кој се одликува со брзина, сила и издржливост. Коњите се членови на фамилијата Equidae која ги вклучува и зебрите и магарињата. Како и сите еквиди, коњот е извонредно добро адаптиран на патувања на долги релации, преживувајќи со исхрана која се состои од треви. Коњот е социјално животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо.
Влијанието на коњите на човечката историја и цивилизација ги прави едни од најважните домашни животни. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Тие низ историјата им служеле на луѓето во земјоделството, војните и спортот. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Т.н. диви коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле.
No comments:
Post a Comment